Веќе беше 4-1 кога Тонали се лизна и се истегна, веднаш се фати за внатрешниот дел од левата нога и во болка го напушти теренот без да ја чека медицинската екипа, сам отиде директно кон соблекувалната.
Тестовите кои треба да бидат направени во текот на денешниот ден ќе кажат точно за каква повреда се работи и колку ќе отсуствува.
Милан стравува дека може да го загуби Тонали на еден месец, а меѓу натпреварите кои би ги пропуштил е и големото градски дерби против Интер.
Милан сезоната ја почнува на 13 август против Удинезе на Сан Сиро, потоа на 21 август гостува на Аталанта, на 27 август игра со Болоња, на 30 август против Сасуоло, а на 3 септември со Интер.
Тоа се натпреварите кои би ги пропуштил Тонали ако отсуствува еден месец.