Томијасу има менталитет на Кристијано Роналдо

by
1 минути читање

Јапонскиот дефанзивец изгледа импресивно во своите први натпревари за Арсенал, му помогна на тимот да ја сврти формата и да почне да реди победи.

Еден од луѓето кои добро го познаваат Томијасу, е Андре Пинто, спортскиот директор на Сент Труден, белгискиот клуб кој во 2018 година прв го донесе Јапонецот во Европа. 

„Она што е неверојатно за Томи е тоа дека тој не прифаќа ништо што не е успех. Тој не е некој што има среќа, ништо на Томи не му доаѓа бидејќи има среќа, тој едноставно е фудбалер кој работи напорно“, вели Пинто.

„Можете да видите многу посветени фудбалери, но Томи го има менталитетот на Кристијано Роналдо кога се работи за посветеноста, напорната работа и здравата исхрана“.

„Тој е тип на фудбалер ркој никогаш не е задоволен. Секогаш ќе работи напорно и ќе продолжи да се развива себеси“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани