„Тој што има такви болки не танцува така“

by
1 минути читање

Ѕвездата на ПСЖ,
Нејмар отсуствуваше во својата селекција на Суперкласикото против Аргентина кое
заврши со поделба на бодовите со непопуларниот резултат 0-0 во мундијалските
квалификации.

Нејмар има
внатрешна болка во бутот, односно болка во адукторот, меѓутоа за време на
бразилското спортско шоу „Ос донос да бола“ беа објавени фотографии за тоа како
фудбалската ѕвезда се забавува во Сао Паоло, со тоа што презентерот Нето беше
доста директен во својот коментар.

Со болки во
адукторот можете да играте, со мускулни болки можете да играте, можно е да
играте и со други повреди на себе, но секој што има болки на адукторот или
мускулна болка не танцува така
“  рече
Нето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани