Тирни потпиша нов договор со Арсенал, се обврза на верност до 2026

by
1 минути читање

Арсенал и
официјално потврди дека левиот бек Киеран Тирни потпиша нов, пет годишен
договор со клубот, со кој се обврза на верност со истиот до 2026 година.

Уште претходната
седмица на Островот известија дека обете страни се во напредни преговори околу
продолжување на соработката со која бекот би заработувал околу 100 илјади фунти
неделно.

24 годишниот
Шкотланѓанец кој во 2018 година во Арсенал премина од редовите на Селтик за
сума од 25 милиони фунти, не крие дека е среќен за продолжената соработка со „Топчиите“.

Чувството е
неверојатно, најпрво би сакал да му се заблагодарам на тренерот, кој дојде и
директно ми посочи за намерата на клубот да ја продолжиме соработката
“ рече
Тирни.

Тоа за мене беше
неверојатно да го слушнам, бидејќи работев напорно во клубот од првиот ден
откако сум тука, имав топло добредојде тука од сите, среќен сум што потпишав
нов договор
“ додаде тој.

Визијата на
клубот, како и тоа што јас сакам да бидам, а ќе ги вметнеме и очекувањата од
клубот е таму каде што и јас посакувам да бидам во фудбалот, на врвот
“ подвлече
Тирни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×