Тимскиот доктор
на данскиот национален состав, Мортен Боесен потврди дека Кристијан Ериксен
доживеал срцев напад на вчерашниот меч со Финска, а секунди биле во прашање во
битката за неговиот живот.
„Се уште не сум
разговарал лично со Кристијан, ниту пак со неговото семејство, но ќе зборувам
за тоа што сите го видовте, прво не повикаа на теренот кога тој колабираше,
лежеше на страна кога дојдовме до него, имаше пулс и дишеше“ изјави Боесен.
„Ситуацијата во
еден момент драстично се промени, престана да дише, го загуби пулсот, веднаш
започнавме со масажа на срцето, тој беше готов… колку бевме близу? Навистина
не знам, го вративме уште по првиот обид, тоа е навистина брзо“ додаде тој.
„Прелиминарните
тестови на Ериксен донесоа добри резултати, меѓутоа тој ќе мора и на
дополнителни тестови, никој од нас нема никаква претстава што се случи…“
нагласи Боесен.
Според зборовите
на Боесен може да се утврди дека уште по првиот обид за реанимација бил спасен
животот на данскиот фудбалер, а цели 13 минути траеше третманот за него на
теренот.