Лидерот Шкендија Тетово ги загуби првите бодови, како домаќин доживеа пораз од Тиквеш со 1-3, сите три гола ги даде Сила, гостите славеа и во вториот денешен дуел, Шкендија Арачиново со 1-0 победи кај Брегалница во Штип.
Шкендија важеше за голем фаворит против Тиквеш и сите очекуваа лесна победа на тетовскиот тим, но денешниот натпревар изгледаше сосема поинаку.
На денешниот меч кој се играше на „Петар Милошевски“ во Скопје, се истакна фудбалерот на Тиквеш, Сила кој беше стрелец на сите три гола и е апсолутен херој на кавадаречкиот тим.
Сила првиот гол го постигна во 20. минута, тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.
По 15 минути игра во вториот дел Сила даде уште еден гол и ја зголеми предноста на Тиквеш на 2-0.
Шкендија се врати во игра со гол на Бесарт Ибраими кој погоди со глава и намали на 1-2.
Но, надежта на домаќините ја урна Сила со својот трет гол за конечна победа на Тиквеш од 3-1.
До крајот на мечот Шкендија остана и со играч помалку, откако Ислами доби црвен картон.
Брегалница го доживеа првиот пораз во Штип оваа сезона откако загуби од Шкендија Арачиново со 0-1.
Мечот беше решен во финишот кога во 85. минута „џокерот“ Аритон Мехмед со постигна гол за водство на Шкендија Арачиново од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.