Тика-така на Ливерпул: 30 додавања и гол на Жота за историја (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул имаше
сериозни проблеми во пресрет на мечот со Лестер, Клоп не можеше да смета на тројца од
стандардната одбрана (Александар-Арнолд, Џо Гомез и Ван Дајк) а во нападот
отсустуваше Мо Салах.

Но и покрај тоа,
„црвените“ беа сигурни и славеа со 3-0.

Вториот погодок беше
дело на Жота, кој испиша историја и стана првиот играч на Ливерпул кој постигнал
гол на првите четири натпревари во Премиерлигата на Енфилд.

Погодокот падна
по убава акција во која имаше 30 додавања, според Опта, ова е рекорд на
Ливерпул откако тие мерат ваква статистика од сезоната
2006/07.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×