Тијаго Силва остана верен на Челси, Ридигер отворил преговори со четири клубови

by
0 минути читање

„Сините“ имаат
неколку отворени прашања за следната сезона и играчи кои ги одработуваат последните
месеци од договорите. Марина Грановскаја ќе има една задача помалку откако
Тијаго Силва денеска ја продолжи соработката и стави потпис на договор и за
сезоната 2022/23.

Директорката на
Челси сепак ќе има многу тешка задача да го задржи вториот столб на одбраната,
Антонио Ридигер.

Двете страни
никако да постигнат компромис за висината на платата, па Германецот отворил
преговори со четири клубови.

Се работи за ПСЖ,
Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×