Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус конечно ќе се раздели со Тијаго Мота, „старата дама“ ќе активира клаузула со која предвреме ќе го раскинат договорот по поволни услови.
Тијаго Мота доби отказ во март 2025 година, но и покрај тоа остана на платен список и си „лапаше“ 3,5 милиони евра годишно и покрај тоа што не работеше.
Но како што пренесуваат медиумите од Италија, конечно ќе дојде крај на онаа нарадната „ Лежи лебу да те јадам“.
Од почетокот на јуни месец се активира клаузула според која Јувентус можат предвреме да го раскинат договорот на стратегот по поволни услови, и токму ова ќе го стори директорот Комоли.
Во моментов не се прецизира колку пари ќе треба Јувентус да му исплати на Тијаго Мота за последната година од договорот (завршува на 30. јуни 2027), но се говори обесштетување ќе биде значително помало од 3,5 милиони евра нето, колку што му следуваат за последните 12 месеци.