Тијаго Алкантара ќе
го промени Ливерпул, но на полошо, смета поранешната фудбалска ѕвезда и екс
член на Ливерпул со 191 настап за тој клуб, Дитмар Хаман, кој подвлекува дека
стилот на игра на Премиерлигашот воопшто не му одговара на Шпанецот.
Фудбалерот од
средниот ред пристигна на „Енфилд“ ланскиот септември откако си замина од Баерн
Минхен, меѓутоа повредата го минимизира неговото присуство на натпреварите на
Ливерпул, а постојат сомнежи околу неговата игра на дербито против Манчестер
јунајтед кое заврши со реми без голови.
„Ливерпул играше
со многу повеќе посед на топката, секогаш наоѓаше начин како да ја пробие
дефанзивната линија на противниците“ смета Хаман.
„Динамиката во
играта на тој тимот ќе се промени со Тијаго во тимот, но, не сметам дека тоа ќе
се случи на позитивен начин“ додава Германецот.
„Тој е најдобар
на теренот кога тимот за кого настапува преферира долги пасови, а тоа е се’
што не беше Ливерпул ланската сезона“
заклучи Хаман.