Тиаго Силва се јави и разреши дел од дилемите за својата иднина, но останува уште главното

by
1 минути читање

Тиаго Силва ќе се раздели со ПСЖ, дел од шпекулациите го поврзуваа и со враќање во Флуминенсе, но тој отфрла едно такво сценарио, цели дека ќе остане во Европа.

„Сите знаат за љубовта која ја имам кон Флуминенсе. Кога страдав од туберколоза тие ја отворија вратата за мене. И секогаш ќе им бидам благодарен за тоа, но се уште имам цели во Европа кои треба да ги исполнам. Се надевам дека ќе ги остварам колку што е можно побрзо“, изјави Тиаго Силва.

Тиаго Силва се поврзува со можно враќање во Милан, но за него интерес има и од клубови од Премиерлигата.

Дали негова цел е враќање во Милан или играње во Премиерлигата, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×