765
Бенфика успеа да
се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите откако синоќа на реваншот
во квалификациите одигра реми без голови кај ПСВ, а претходно на свој терен
славеше победа со резултат 2-1.
Доста интересен
момент уловија камерите од пресметката во Ајндховен во моментите кога за влез
на теренот се подготвуваше Гонсало Рамос, поточно, кога фудбалерот ги добиваше
инструкциите од својот тренер Жорж Жесус.
Предводникот на
Бенфика збесна во моментот кога Рамос почна да му објаснува за инструкциите кои
ги добил од него, потег што на искусниот фудбалски стратег воопшто не му се
допадна.