„Ти благодарам Фиорентина, но јас сакам трансфер во Милан“ – Калиниќ се изјасни, на потег се „Росонерите“

by
2 минути читање

„Росонерите“ оваа
недела доставија понуда за услугите на Хрватот, но Фиорентина го одби предлогот
и порача дека напаѓачот не е на продажба.

„Милан ни достави
понуда за Калиниќ, но ја одбивме
– изјави спортскиот директор Корвино. „Не сакам да слушнам што имаат да
кажат, ниту пак да седнеме на маса
.

„Што се однесува
до нас, Калиниќ не е на продажба
.

Но
репрезентативецот на „Коцкастите“ има други планови, Никола Калиниќ веќе
одлучил дека заминува од Фиренца и сака да го облече „црвено-црниот“ дрес.

„Ти благодарам
Фиорентина за изминативе две години и шансата која ми ја укажавте. Знам дека
Милан ме сака и ова е голема шанса за мене. Сакам да направам исчекор нанапред
во кариерата
– се вели
во пораката на голгетерот.

„Сметам дека
мојата ера во Фиорентина е завршена. Сакам да се преселам во Милан
.

По ваквиот развој
на настаните, на потег сега е Милан, „Росонерите“ треба да испратат понуда
вредна околу 30 милиони евра, тоа е сумата која Фиорентина ја бара за
напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани