Тестовите покажаа дека нема ништо, ќе продолжи ли Икарди да глуми повреда?

by
1 минути читање

Откако Интер реши
да му ја одземе капитенската лента, Мауро Икарди почна да се жали на болки во
коленото и ги пропушти дуелите со Рапид Виена и Сампдорија.

Аргентинецот цела
недела добиваше терапија и денеска замина на прегледи, во клиниката Хуманитас
Роцано му беше направена МРИ снимка, а Интер попладнево испрати официјално
соопштение со кое практично потврди дека напаѓачот нема повреда.

„Мауро Икарди денеска имаше преглед поради болки во десното колено. Тестовите не покажаа значајни
измени во споредба со оние прегледи кои беа направени пред почетокот на сезоната“

гласеше известувањето.

Сега останува да
се види дали напаѓачот ќе му се стави на располагање на Лучано Спалети или пак
ќе продолжи да глуми повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани