Тешкиот пораз од Штутгарт му пресуди, Фавр доби отказ од Дортмунд

by
1 минути читање

Лусјен Фавр е
разрешен од должноста тренер на Борусија Дортмунд, дебаклот од Штутгарт и поразот
од 1-5 му пресудија на стратегот.

Управата на
„милионерите“ попладнево повлече потег и му врачи отказ на

Швајцарецот, кој ја
одработуваше третата сезона на кормилото на клубот.

„Сакаме да му се
заблагодариме на Лусјен Фавр за одличната работа во изминатите две ипол години,
во кои два пати беше вицешампион. Немаме што да му замерире како професионалец
и личност“
– вели директорот Ханс Јоаким Вацке.

„Одлуката воопшто
не беше лесна, но мислиме дека ризикуваме да не ги оствариме зацртаните цели
поради серијата негативни резултати и затоа моравме да реагираме“
– додаде спортскиот
директор Михаел Цорк.

Во продолжението
од сезоната, Един Терзиќ ќе ја предводи Борусија Дортмунд.
38 годишниот Германец, кој има потекло од БиХ,
до сега беше дел од тренерскиот персонал на „милионерите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×