Тери почнува соло тренерска кариера, блиску е до договор со англиски клуб

by
1 минути читање

Информациите од Англија велат дека Џон Тери е на пат да стане тренер на Нотингем Форест.

Поради лошите резултати оваа сезона, актуелниот тренер на Нотингем Форест, Крис Хатон е под притисок и прогнозите се дека наскоро ќе добие отказ.

Еден од кандидатите кои котираат најдобро за негов наследник е Џон Тери.

„Чекам можност за нов ангажман, но идејата беше да се повлечам и да поминам една година со фамилијата, па ќе видиме што ќе дојде“, изјави Тери на почетокот од минатата недела.

„Помина месец од новата сезона. Сигурен сум дека ќе се отвори простор за работа и чекам и прават тоа што треба да се прави во позадина, но ако не добијам понуда, уживам во моето време со фамилијата“.

„Сите знаат дека ја сакам Астон Вила, но сакам да бидам прв тренер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×