Поранешниот
фудбалер на Челси, Џон Тери откри една интересна анегдота со својот поранешен
тренер од клубот од Лондон, Жозе Мурињо, кој всушност му е омилениот тренер во
неговата кариера.
„Се сеќавам на
еден момент кога се здобив со повреда, беше предвидено да паузирам од терените
околу 20 денови, Мурињо влезе во собата кај медицинските лица и зборуваше со
сите, но не и со мене, ме игнорираше“ рече Тери во интервјуто за „Газета дело
спорт“.
„Јас бев капитен
на тимот, не можев тоа да го прифатам, го прашав докторот дали би можел да
добијам инјекција бидејќи навистина сакав да играм идниот ден, а Мурињо помисли
дека сето тоа е лудост, на крајот попушти и ми дозволи да играм, а потоа ме
испрати за Дубаи на пет денови за рехабилитација“ додаде поранешниот стопер, а
откри и за интересот од Милан.
„Тие ме побараа
преку двајца различни агенти, разбрав дека нивниот интерес е доста сериозен, на
крајот ништо не се случи, ќе беше остварување на сонот да играм за Милан, но
среќен сум што сета кариера ја поминав во Челси“ подвлече Англичанецот.