172
Поранешниот
стопер на Челси, Џон Тери го советуваше Курт Зума да не го реализира трансферот
во Тотнем, сценарио за што шпекулираат англиските медиуми.
Откако го
обезбедија потписот на Ромелу Лукаку, Челси сега се обидува да го ангажира
дефанзивецот на Севиља, Жул Кунд, а со тоа станува јасно дека Зума не е во
плановите на Томас Тухел.
Се верува дека
Челси бара најмалку 20 милиони фунти за Зума, а заинтересирани за 26 годишниот француски стопер освен Тотнем, се
уште и Вест Хем, но и Рома.
