Тер Штеген со фантастична интервенција не дозволи Барса да испушти победа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Барселона со победа ја почна новата сезона, освоени се трите бода од гостувањето кај Мајорка.

Лук Де Јонг беше во центарот на вниманието во првото полувреме, прво погоди статива, па пречка, а потоа и даде гол за водство на Барселона од 1-0.

Неговиот гол немаше да значи победа ако Марк Тер Штеген немаше извонредна одбрана во 92. минута. Коста шутираше силно од непосредна близина, но голманот на Барса со одличен рефлекс не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×