Тео Ернандез се согласил на нов договор со Милан, добива значајно повисока плата

by
1 минути читање

24 годишниот
фудбалер на Милан, Тео Ернандез, според информациите кои пристигнуваат од
Италија се вели дека дал зелено светло за потпис на нов договор со „Росонерите“.

Доколку
шпекулациите се точни, во тој случај Челси и ПСЖ ќе останат со празни раце од
својот интерес да го ангажираат бекот, кој според пишувањата на Фабрицио Романо
ќе стави потпис на нов договор со клубот од Милано со важност во наредните пет
години.

Очекувањата се
дека платата на Ернандез по сезона да биде 4.5 милиони евра, вклучувајќи и
бонуси, што е во голема мера подобри финансиски услови ако се земе во предвид
дека актуелната годишна плата му изнесува 1.5 милиони евра од сезона.

Левиот бек се
приклучи на Милан по трансферот од Реал Мадрид во 2019 година кој изнесуваше
21.5 милиони евра, а во Италија наведуваат дека во наредните денови и официјално ќе биде потврдена веста за новиот договор со Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×