Тензија помеѓу Донарума и ПСЖ, Рајола е единствениот победник од трансферот

by
1 минути читање

Џиџо Донарума
минатото лето го одбие предлогот на Милан за продолжување на соработката
(годишна плата од 8 милиони евра) и се реши за авантура во ПСЖ.

Сепак, во Париз работите
не одат според планот, Кејлор Навас е прв избор и Џиџо Донарума има ограничена
минутажа.

Запрашан минатата
недела за ривалството со Навас, Италијанецот рече: „Нема ефект врз моите
перформанси но ме вознемирува. Не е лесно, бев навикнат секогаш да ги
почнувам натпреварите и понекогаш ме боли што седам на клупата“.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, има тензија помеѓу Џиџо Донарума и ПСЖ, голманот очекувал
да биде неприкосновен стартер во Париз, па не е среќен поради тоа што друг е
број 1. Исто така му пречи тоа што голем дел од соблекувалната е на страната на
Кејлорс Навас, особено фудбалерите од Јужна Америка и Серхио Рамос.

Весникот додава
дека единствен победник од трансферот е Мино Рајола, кој си обезбедил убава провизија,
а добро ќе се офајди и доколку треба на Џиџо Донарума да му најде нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани