96
Популарните
„Делфини“ во моментов се на последното место на табелата со 9 бода и една
победа која службено ја добија откако Сасуоло употреби играч кој немал право за
настап.
Фановите со
месеци се гневни на играчите и управата, испратија неколку закани а тензиите
сега го достигна врвот.
Претседателот на
клубот Даниеле Себастијани утрово бил разбуден од детекорите за чад кои се
активирале откако биле запалени два автомобили во дворот на неговиот дом.
„Ова е нешто
невидено” – вели бесниот
Себастијани. „На крајот од годината ќе го напуштам клубот”.
Се верува дека
зад нападот стојат ултрас фановите на Пескара, кои оваа сезона во неколку
наврати го искажаа своето незадоволство.