Тензии во Севиља – навивачите го блокираа тимот по поразот од Селта, играчите спиеја во тренинг центарот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

По болниот пораз на Севиља од Селта во Виго со 3-2 и тоа со играч повеќе, ситуацијата кај андалузискиот гигант е на раб на ескалација. Тимот на Хоакин Капарос е без победа на последните осум меча, а навивачите ја загубија трпеливоста.

Играчите беа пречекани на аеродромот, а потоа и блокирани пред тренинг центарот, каде мораа да преноќат бидејќи им беше оневозможено да излезат со своите автомобили. Интервенираше и полицијата, која во неколку наврати испали гумени куршуми за да спречи поголем инцидент.

Дел од навивачите се обидоа дури и да ја прескокнат оградата за да влезат во тренинг центарот и да се пресметаат со фудбалерите.

Севиља сè уште не е спасена – пред неа е директниот дуел за опстанок со Лас Палмас, а потоа следуваат мечеви против Реал Мадрид и Вилјареал. Стравот од историско испаѓање е се поголем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани