Тен Хаг во судир со раководството на Манчестер јунајтед околу желбата да донесе засилување од Челси

by
1 минути читање

Антони од Ајакс
се посочуваше како една од трансфер желбите на Ерик Тен Хаг, но Ајакс не сака
да слушне за продажба на својата млада ѕвезда и постави цена од 100 милиони
евра, сума која „ѓаволите“ немаат намера да ја платат.

Новинарот Набил
Џелит сега вели дека Ерик Тен Хаг се насочил кон поранешен фудбалер на Ајакс и
побарал до крајот на месецот да биде ангажиран Хаким Зијеш, кој сега е дел од
Челси.

Сепак,
раководството на „ѓаволите“ и луѓето кои се задолжени за ангажман на нови
играчи сметаат дека Марокaнецот не е доволно квалитетен и го блокираат
трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани