Тажно е да се гледа ваков Меси

by
1 минути читање

Лео Меси имаше лош натпревар против Реал Мадрид, Аргентинецот одигра под своето ниво, а лошата вечер кулминираше со промашен пенал.

За разлика од Килијан Мбапе кој денеска е величен од француските медиуми, Лео Меси добива критики за неговиот перформанс.

„Л’Екип“ го оцени Мбапе со 8, таква оценка имаше само уште Верати. Двајцата се посочени како најдобри на теренот.

Познатиот француски весник на Меси му даде оцена 3, најслаба од сите фудбалери на ПСЖ. Весникот напиша: „Тажно е да се гледа ваков Меси. Во првиот дел тешко ја организираше играта, беше активен, но му недостасуваше прецизност со исклучок на едно додавање кон Мбапе. Ги губеше дуелите еден на еден. Во вториот дел беше нешто подобар, но имаше проблеми во нападот. Промаши некои топки вклучувајќи го и пеналот. Овој Меси беше вознемирувачки“.

Меси слично беше оценет и од „Ла Парисиен“ кој му даде оценка 3,5, а Мбапе го оцени со 8,5. Весникот го истакна промашениот пенал, и потенцираше дека со исклучок на два-три детали, Меси одиграл генерално многу лош натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×