Тажна вест, почина славниот сенегалски фудбалер, Папа Буба Диоп

by
0 минути читање

Нова тажна вест од светот на фудбалот, почина Папа Буба Диоп, фудбалерот кој испиша историја со селекцијата на Сенегал со нивното прво учество на Светските првенства во 2002 година. Тој го постигна единствениот гол со кој Сенегал направи сензација победувајќи ја тогаш Франција која беше актуелен светски првак.

Диоп денеска починал по долга борба со сериозна болест.

Тој беше еден од најславните фудбалери на Сенегал, играше за дури четири англиски тима, Фулам, Портсмут, Вест Хем, а кариерата ја заврши во Бирмингем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×