Тажно е пред „Енфилд“: Навивачите на Ливерпул му оддаваат почит на Жота (ФОТО+ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Португалија и навивачите на Ливерпул денеска тагуваат по Диого Жота кој го загуби животот во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре во текот на одморот во Шпанија.

Жота загина откако со својот автомобил излетал од патот поради пукната гума, а по ударот автомобилот брзо се запалил по што бил целосно уништен. Докторите кои набрзо пристигнале не можеле ништо да направат и само констатирале смрт.

Фановите на Ливерпул набрзо по тажната вест се собраа пред „Енфилд“ каде што му оддаваат почит на својот миленик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×