Таткото на Нејмар бесен: До кога ќе се случуваат вакви работи? Зар треба да го удрат 8-9 пати за да биде свирнат прекршок

by
1 минути читање

Нејмар би можел одново да биде надвор од терените на подолго време, Бразилецот синоќа со солзи во очите и на носилки го напушти теренот по еден остар старт на играч на Лион.

Ова не е прв пат Нејмар на овој начин да биде повреден, па неговиот татко изрази негодување.

„До кога ќе се случуваат вакви работи? Како може да се дозволуваат вакви остри стартови? Зошто судијата не ја сопре играта при првиот старт, зошто се чека да го удрат 7, 8 или 9 пати па дури тогаш да свирне прекршок?“ – напиша тој на Инстаграм.

„Дали треба да се прегледува со ВАР за да види дека ова е старт за црвен картон? Дали е потребен ВАР за да се види колку остар старт беше ова? Дали некој треба да се повреди за да се донесе искрена одлука? Играч прави неодговорен старт, остар, од страна, без шанса да ја освои топката“.

„Очигледно ова судиите не го земаат во предид кога Нејмар редовно е жртва на опасни стартови. Со тоа што судиите не реагираат, само се охрабруваат играчите да продолжат да прават опасни стартови“.

„До кога Нејмар ќе биде жртва?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×