Таткото на Мегваер заработил скршеници на ребрата за време на финалето на Вембли!

by
1 минути читање

Страшни и примитивни беа видеата од Вембли каде навивачи на сила влегуваа на стадионот без билети, го пробиваа обезбедувањето и трчаа на трибините.

Едно од тие стампеда го зафатило и таткото на Хери Мегваер кој заработил скршеници на ребрата.

„Мојот татко беше во стампедото. Немам зборено со него премногу, но среќен сум што моите деца не отидоа на мечот“, открива Мегваер за „Сан“.

„Беше страшно, тој рече дека бил исплашен, не сакам никој да го искуси тоа на фудбалски натпревар“.

„Гледаав многу видеа и зборував со татко ми и мојата фамилија. Татко ми и мојот агент настрадаа најмногу. Му беше тешко дад души поради скршениците на ребрата, но не прави голема врева од тоа“.

„Се надевам дека можеме да научиме од ова и да бидеме сигурни дека другпат нема да се случи. Таткок ми секогаш ќе навива за мене и ќе оди на натпреварите но ќе биде повеќе свесен за тоа што може да се случи околу него. Сите треба да бидеме посвесни“.

„Работите можеа да бидат уште полоши но треба да направиме ова веќе да не се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×