20-годишниот норвешки напаѓач одлично се прилагоди во Борусија Дортмунд, продолжи да постигнува голови и да реди импресивни партии, со што само дополнително го зголеми интересот на гигантите.
Информациите велат дека Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се интересираат за Халанд, но неговиот татко не смета дека е време за заминување.
„Кога играте добро, нормално е големите клубови да тропнат на вашата врата, но тоа се само шпекулации“, вели таткото Алф Инге Халанд.
„Потпишавме долгорочен договор со Дортмунд и ова е фантастичен тим за Ерлинг во моментов“.
„Никогаш не знаете што ќе се случи во иднина. Мислам дека сака да освојува трофеи со Борусија“.
„Тоа е негова цел. Ерлинг може уште многу да постигне во Германија и да направи голем прогрес“.
Договорот на Халанд со Борусија Дортмунд трае до 2024 година, а од 2022 му се активира откупната клаузула од 75 милиони евра.