„Татко ми почина откако се зарази со коронавирус на дуелот помеѓу Ливерпул и Атлетико!“

by
1 минути читање

Неодамна, студија
покажа дека пресметката помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони
придонела најмалку 41 лице да почине од коронавирус. Дуелот на Енфилд на 11. март
се играше со публика и од Шпанија допатуваа 3.000 фанови, на кои не им беше
извршена никаква контрола.

Семејство на
навивач на Ливерпул сега побара објаснување од владата на Велика Британија и независна истрага зошто натпреварот не се играл пред празни трибини.

70 годишниот
Ричард Маусон недела дена по дуелот на Енфилд бил позитивен на коронавирус
и за жал на средината од април ја загубил битката со Ковид 19.

„Со оглед на тоа
кога ги пројави симптомите, кога тој се разболе и почина, 99% сум сигурен дека бил
заразен на мечот“
– вели неговиот син Џејми. „Мораше да мине покрај фановите на
Атлетико, и сигурен сум дека тогаш се заразил“.

„Тешко ни е да
прифатиме што се случи… Иако имаше 70 години, здравјето го служеше и немаше никакви
проблеми и потоа за две-три недели почина“.

Сопругата на
Ричард Маусон додава: „Очигледно коронавирусот беше раширен, но кога владата ви
вели, „Не е ништо страшно, можете да одите“ а вие цел живот навивате за
Ливерпул и фудбалот ви е пасија, секако дека ќе одите на стадион“.

„Но една недела
подоцна, владата реши да не стави во карантин. Веројатно ова беше задоцнета
одлука. Очигледно знаеле што ќе се случи, но не превземаа ништо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×