Татарушану: Проучував како Лаутаро ги шутира пеналите

by
1 минути читање

Интер имаше два пенали против Милан, првиот го даде Чалханоглу, но вториот не го реализираше Лаутаро Мартинез, Татарушану го одбрани неговиот удар.

Лаутаро Мартинез е прв изведувач на пеналите за Интер, а Чалханоглу е втор. Но се договориле турскиот фудбалер прв да шутира против Милан, а Аргентинецот втор.

„Внимателно со стручниот штаб проучував како шутира пенали Лаутаро бидејќи тој е првиот изведувач за Интер. Што се однесува до Чалханоглу, него веќе го знам многу добро, но проблемот е што и тој мене ме знае“, вели Татарушану.

На одбранетиот пенал, на трибините се израдува и првиот голман на Милан, Мајк Мањан кој е во аут поради повреда.

„Мањан славеше бидејќи тој знае што значи за голман да одбрани пенал. Имаме многу добар однос откако дојде во Милан, се обидував да му помогнам да се прлагоди, особено затоа што знам француски“.

„Тој имаше одличен старт на сезоната, а потоа се повреди, јас секогаш тренирав напорно за да бидам подготвен кога ќе му затребам на клубот и тој момент дојде“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани