Таљафико: Неверојатно е тоа што ме поврзуваат со Интер, идол ми е Хавиер Занети

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Ајакс, 28 годишниот Николас Таљафико признава дека е почестен од тоа што за
неговите услуги интерес пријавува италијанскиот прволигаш Интер, а додава дека
неговиот идол на сите времиња е токму легендата на тој клуб, Хавиер Занети.

Неверојатно е
тоа што ме поврзуваат со таков тим, со таква голема историја, можам слободно да
ви кажам дека мојот идол на сите времиња е Хавиер Занети
“ вели Таљафико.

Тој целата
својата кариера ја одигра во дресот на Интер, овој интерес не можам а да не
кажам дека е чест и задоволство за мене, но, јас сум реална особа по повеќе
теми во животот, па така денеска преферирам да се фокусирам единствено на
сегашноста
“ додава тој.

Во моментов го
уживам секој момент во Ајакс, а потоа ќе видиме што ќе се случи во иднина

подвлекува Аргентинецот кој има и италијански пасош.

Таљафико има
активен договор со Ајакс со важност до 2023 година, а сезонава на 22 настапи за
холандскиот тим успеа да постигне еден гол, но и две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×