130
Херојот на Вардар, Михаил Талевски беше пресреќен по освоениот трофеј против Струга во натпревар во кој тој ги постигна двата гола.
По натпреварот истакна дека оваа победа може да биде и најава за голем Вардар.
„Многу сум среќен за ова мое прв куп-финале и мој прв трофеј во професионалната кариера. Пресреќен сум секако и што постигнав два значајни погодоци за освојување на титулата. Вистинска чест ми е што сум дел од една ваква екипа. Ова е само најава за еден голем проект кој следи, ова е само најава за еден голем Вардар кој во иднина ќе носи уште многу радости“, изјави Талевски по финалето.
За Вардар овој трофеј беше прв во купот по чекање на 18 години.