Талентот на Арсенал, Патино на фан преку порака му одговори што ќе направи ако ПСЖ му испрати понуда! (ФОТО)

by
1 минути читање

Пред шест години Арсенал за 10.000 фунти го купи Патино од Лутон. Тој синоќа со гол дебитираше за сениорскиот тим.

Патино уште не е ѕвезда, па им одговара на фановите кога ќе му пишат порака.

Еден навивач му напиша дека го развил на Фудбал Менаџер и во играта Патино станува еден од носечките фудбалери на Арсенал. Но се појавил проблем кога ПСЖ испратил понуда за него. Тогаш Патино станал нервозен затоа што понудата била одбиена. Па фанот на Арсенал кој играл Фудбал Менаџер побара совет од Патино како да го врати виртуелниот Чарли Патино во стројот.

Изненадувачки, Патино му одговори на оваа порака, му рече: „Кажи му на виртуелниот Чарли Патино да порасне и потсети го дека Арсенал е покласа клуб… брзо ќе го преброди тоа!!! Се надевам ќе ти донесам трофеи на Фудбал Менаџер“.

Ѕверски потег на младиот фудбалер, нема што.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×