Такинарди со коментар по шпекулациите со Кутињо и Лацио: Тој не е истиот од Интер, но…

by
1 минути читање

Поранешниот
италијански фудбалер Алесио Такинарди верува дека Филипе Кутињо би бил и повеќе
од солидно засилување за Лацио во новата сезона, иако потсетува на тоа дека
Бразилецот не е истиот оној кој настапуваше во Интер.

Тој не е истиот
фудбалер кого го гледавме во Интер сите тие години, но сега има повеќе
самодоверба
“ смета Такинарди.

Кутињо би можел
да биде одличен во комбинација по левата страна со Луис Алберто
“ додаде
поранешниот фудбалер на Јувентус кој запиша 261 настап за „Старата дама“.

Кутињо е достапен
за позајмица, а тоа би можело да се реализира доколку Римјаните му исплаќа
половина од неговата плата, откако стана и повеќе од јасно дека плејмејкерот не
е во плановите на Роналд Куман.

29 годишниот
Кутињо ланската сезона успеа да запише само 14 настапи во дресот на
Каталонците, со тоа што запиша три погодоци и две асистенции, а вреди да се
додаде дека Лацио за новата сезона го врати неговиот сонародник, бившиот член
на Вест Хем, Фелипе Андерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×