Напаѓачот вели дека откако се храни како што го советува Пинцела има многу повеќе енергија и се чувствува помоќен на теренот, а тоа допринесува да игра во голема форма.
„Кога дојдов во Интер, го анализиравме моето тело и направивме големи промени во исхраната со нутриционистот Матео Пинцела“, вели Лукаку.
„Јадам многу салата и риба, тоа има голем ефект на мене. Земам Л-карнитин и витамински суплементи“.
„Мојата диета сочинува салата за ручек, многу пилешки гради, ширатаки паста… Откако го следам овој начин на исхрана, се чувствувам многу подобро на теренот, многу повеќе сум активен и побрз“.
„Од јаглехидрати, сакам сладок компир и ориз, паста но не можам да јадам многу. Секоја земја си има свој фокус на диета, отсекогаш сум бил моќен играч, но Италија ме однесе на друго ниво, никогаш не сум се чувствувал толку силно“.
„Достигнав ново ниво и физички и ментално“.
„Пред натпревар можам да јадам повеќе јаглехидрати. Рехидрирањето и спиењето се многу важни, особено како стареете“.
„По мечот, можам да изедам две пакетчиња њоки, но тоа зависи од тоа што подготвил куварот. Тие влегоа брзо во мојот систем и тоа ми помогна“.
„Јадам и пијам на стадионот, во нашата посебна сала за тоа, или си носам храна од дома. Не спијам многу по натпреварите“.