106
Ајакс со гол на Душан Тадиќ од пенал во 92. минута дојде до бод против ПСВ. Тој влезе во вербален дуел со играчите на домаќините, а потоа пред стадионот го чекаа и навивачи кои сакаа физички да се пресметаат со него.
Тадиќ по мечот ја кажа неговата верзија за инцидентот.
„Ја земав топката да го изиведам пеналот, тројца играчи на ПСЖ дојдоа околу мене и тој (Думфрис) ми рече дека сум пи*ка, дека не сум лидер, дека ќе промашам… Го погодив пеналот и што требаше да направам? Да му се заблагодарам што ми рече дека сум пи*ка? Не, не, тоа не е мојот менталитет“, изјави Тадиќ.