24фудбал

Фановите на ПСВ го чекаа Тадиќ пред стадионот за да го тепаат (ВИДЕО)

Со гол на Душан Тадиќ од пенал во 92. минута Ајакс одигра 1-1 на гостувањето кај ПСВ во дерби од холандското првенство, а на теренот и надвор од него се случуваа инциденти.

Останато

Тадиќ даде гол во судиското продолжение, па влезе во вербална пресметка со играчот на ПСВ, Дамфрис кој претходно го обвини дека глуми.

Однесувањето на Тадиќ кон играчите на ПСВ не им се допадна на фановите на овој клуб, па дел од нив го чекаа пред стадионот.

Навивачите на ПСВ сакаа да се пресметаат со Србинот, но оградите и обезбедувањето кое одеше со Тадиќ спречија поголем инцидент.