Tрајковски: Против Хрватска да покажеме дека можеме да се носиме со силни репрезентации

by Стефан
1 минути читање

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).

На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски. 

Напаѓачот на Хајдук, Александар Трајковски вели дека не очекува одличен натпревар против Хрватска. 

-„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар.

Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани