Во Италија се „шушка“
дека една од најубавите спортски новинарки, Дилета Леота е во прегратките на
фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, а наводно обајцата ја поминале новогодишната
ноќ заедно.
Италијанскиот
медиум „Оги“ тврди дека Дилета го пречекала Ибрахимовиќ во својот дом на
новогодишната ноќ околу 21,20 часот, а медиумот открива и дополнителни
информации за нивната „средба“, со тоа што додава дека светлата од нејзиниот
дом биле угасени околу 20 минути пред полноќ.
Ибрахимовиќ пред
неколку месеци сними реклама заедно со Дилета, а уште од тогаш Италијанците
почнаа да шпекулираат дека има нешто повеќе од таа соработка за нив двајцата.
View this post on Instagram
Познато е дека
Ибрахимовиќ, барем засега е заедно со 11 години постарата од него Хелена Сегер,
со која има и две деца, а заедничката врска со неа датира од 2002 година.
Дилета пред
извесен период, во врска со шпекулациите со Ибрахимовиќ негираше дека постои
врска помеѓу нив двајца, наведувајќи дека нејзините принципи се мошне јасни, а
тие налагале таа да не е во врска со „зафатен“ маж,×