Шведска го издржа налетот на „црвената фурија“, Шпанија стартуваше со реми на ЕП (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шпанија влезе како сериозен фаворит против Шведска, натпреварот го играа во Севиља на домашен терен, но не го најдоа патот до мрежата на Швеѓаните.

Шпанците силно притиснаа уште на стартот, Мората промаши огромна шанса, а казната можеше да стигне на спротивната страна кога Исак биеше, а топката ја удри Љоренте, па таа се одби од стативата и заврши во рацете на Симон.

Во вториот дел Шведска продолжи да се брани, но тоа го правеше многу посигурно. Со влегувањето на Морено во финишот, Шпанија создаде неколку добри шанси, но Олсен не дозволи неговата мрежа да се затресе.

Шпанија својата прва победа ќе ја бараат во следното коло против Полска.

Во Е групата по првите средби лидер е Словачка со три бода, Шведска и Шпанија имаат по еден бод, Полска е без бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×