Швајцарските компании се „тепаат“ за навивачот кој стекна светска слава (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лука Лотенбах е
во моментов најпопуларната личност во Швајцарија, а станува збор за навивач кој
беше „уловен“ од камерите во две тотално различни расположенија на мечот од
осминафиналето на Европското првенство.

Франција и
Швајцарија одиграа вистински трилер од меч, откако фаворитот имаше водство од
3-1, кое го прокоцка во самата завршница, за на крајот актуелниот светски првак
да биде поразен во пенал серијата.

Повеќе гигантски
компании во Швајцарија во моментов се обидуваат да извлечат корист од славата
на Лутенбах, па така „Свис Еир“ му понуди лет до Санкт Петерзбург во бизнис
класата, поточно за утрешниот четвртфинален меч против Шпанија, а тој ја
прифати понудата, во бизнис класа секако.

Следеше и „Ред
Бул“, од таму доби пијалоци, тој исто така прифати, а следеше и понудата од „Свис
Туризам“, од каде му беше понуден аранжман за релаксација по стресот кој го
доживеа на мечот со Франција, што исто така беше прифатено од негова страна.

И кога би
помислиле дека тоа е се
,
сепак не е, швајцарските власти посакуваат тој да биде лицето на нивната
кампања за вакцинација за коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×