Суперлигата е забетонирана, ако некој сака да излезе од неа, ќе плаќа огромни пенали

by
1 минути читање

Клубовите кои прифатија да бидат дел од Суперлигата не можат да се откажат од учество во неа така едноставно, ќе треба да платат огромни суми како обесштетување.

„Договорот на учениците во Суперлигата е обврзувачки. Никој не може да си оди, ќе работиме сите заедно. Сите клубови потпишаа договори минатата сабота, нема да има таков проблем“, вели Флорентино Перез.

Се верува дека ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд требало да бидат трите клуба кои недостасуваат во тие 15 кои имаат загарантирано место во лигата. Но Перез вели дека ПСЖ не ни добиле покана.

„Се уште не сме го поканиле ПСЖ, ќе зборуваме со многу клубови и ќе им го објасниме бенефитот од Суперлигата. Доколку Баерн одбие да се приклучи, ќе продолжиме без нив. Исто така ќе ги донесеме најдобрите судии во светот“.

Тој вели дека не му било тешко да го убеди Лапорта за Барселона да биде дел од лигата.

„Барселона минува низ тешка економска ситуации, Лапорта веднаш сфати и прифати како и сите други големи клкубови во светот. Оваа Суперлига ќе го спаси целиот фудбалски свет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×