322
Клубовите кои и
натаму останаа на идејата за формирање на европска Суперлига, Јувентус,
Барселона и Реал Мадрид наводно планираат на лето да организираат пријателски
турнир во Соединетите Американски Држави, а би можеле да го поканат и Милан.
Тоа се единствените
три клуба засега кои останаа посветени на идејата за проектот со Суперлигата,
дури и по фактот што тој пропадна како идеја за цели 48 часа по самото
претставување за јавноста лани во април.
Триото клубови и
натаму работи заедно за да понуди сличен формат на лето, што според пишувањата
на „ЕСПН“ вклучува турнир кој би се одиграл во САД.