Веќе в недела започнува првото Светско клупско првенство со новиот формат во кој 32 екипи ќе се борат за трофејот.
Турнирот ќе го отворат Интер Мајами и Ал Ахли на стадионот „Хард Рок“, додека финалето ќе се игра во Њу Џерси.
Пред почетокот на турнирот „Опта“ преку својот суперкомпјутер ги објави првичните процени за фаворитите. Најголеми шанси му се даваа на Пари Сен Жермен, 18.5%, потоа следи Манчестер сити со 17.8, трет е Баерн Минхен со 12.8%.
Европските тимови доминираат во прогнозата на „Опта“ и тие се рангирани на првите 11 позиции каде што зад водечката тројка се: Интер (12,3%), Реал Мадрид (9,8%) и Челси (8,4%), а потоа и Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Бенфика и Порто.