Супер дерби со шест гола на Камп Ноу, Барса го победи Атлетико (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дека ќе биде интересно на Камп Ноу, најави Караско уште во осмата минута кога постигна гол за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.

Но само две минути подоцна следуваше прекрасен гол со волеј на Жорди Алба по асистенција од Дани Алвес, Барселона израмни на 1-1.

Во 21. минута Адама Траоре асистираше до Гави кој погоди со глава за комплетен пресврт и водство на Барса од 2-1, а на две минути пред крајот реализираше и Араухо за 3-1.

По четири минути игра во вториот дел Дани Алвес даде гол за 4-1, но девет минути подоцна Луис Суарез намали на 4-2 и го врати Атлетико Мадрид во живо.

Ветер во грб на гостите им даде и Дани Алвес кој во 69. минута сосема непотребно стартуваше со отворен ѓон и доби црвен картон.

Но Барселона успеа да се одбрани, да ги сочува тие 4-2 и да се радува на победа.

Во одлично издание се покажа Адама Траоре кој играше до 61. минута кога на негово место влезе Обамејанг за кого ова беше прв меч во дресот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани