Судискиот записник откри каква навреда добил Диакаби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кадиз го доби мечот со 2-1, но во еден момент фудбалерите на Валенсија го прекинаа дуелот откако решија да се повлечат во соблекувалната поради расна навреда кон нивниот фудбалер Муктар Диакаби.

Подоцна тие се вратија на теренот со исклучок на Диакаби и го доиграа мечот. Кала не беше казнет. Но судискиот записник може да донесе казна на маса за играчот на Кадис.

„Во 29 минута го преккинав мечот поради конфронтација меѓу играчите со број 12 и 16 од двата тима. Откако му дадов жолт картон на Диакаби, тој ми се обрати со следниве зборови: „Ме нарече црно гомно“, алудирајќи на играчот со број 16 на Кадиз, Кала. Ова не беше видено од ниту еден од судиите на теренот. По извесно време фудбалерите на Велнсија решија да го напуштат теренот, па мечот беше прекинат на одредено време, двата тима заминаа во соблекувалните. Потоа делагатите ни соопштија дека мечот ќе продолжи, но Диакаби нема да игра. Се договоривме да има загревање од пет минути, за да се избегнат повреди. Играта продолжи 24 минути по прекинот“, стои во записникот на судјата Медие Хименез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани