Синоќа на
програмата во Бундеслигата беше големата пресметка помеѓу Борусија Дортмунд и
Баерн Минхен, меч кој решаваше многу во трката за титулата. „Баварците“ победија
со 0-1, па направија голем исчекор кон нов шампионски трофеј.
Ерлинг Халанд
нема да има убави спомени од првиот „Дер класикер“, не само што неговиот тим
загуби, тој успеа и да се повреди, и за ова најголема вина сноси судијата
Штилер.
Арбитарот најпрво
не му досуди пенал на Норвежанецот. Халанд се најде во гол шанса, биеше но
Боатенг се фрли и со рака блокираше. Штилер не се огласи, ниту пак реагираа од
ВАР собата иако на сите им беше јасно дека имаше намера во играта на
дефанзивеот на Баерн.
Десетина минути
подоцна, Штилер се судри со Халанд на средината од теренот, настрада коленото
на напаѓачот, кој кратко потоа беше повлечен од игра. Се верува дека повредата
не е сериозна, деталните тестови во следните денови ќе дадат подобра слика за
паузата која го чека.
This is how Erling Haaland got injured. Crashed with the referee!!!! Twisted his knee https://t.co/ZsGVeAyrui
— Jan Aage Fjortoft(@JanAageFjortoft) May 26, 2020