Судијата на натпреварот на Реал Мадрид ги прекрсти рацете, еве што тоа значеше

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид го запиша својот прв триумф на Светското клупско првенство совладувајќи ја мексиканската Пачука со 3-1, а во овој натпревар видовме и една сцена каква што досега немало на фудбалските терени.

Во финишот од напреварот по еден дуел на капитенот на Пачука, Густаво Кабрал и дефанзивецот на Реал, Антонио Рудигер, германскиот репрезентативец го известил главниот судија Рамон Абати Абеи дека бил цел на расистички навреди.

Судијата веднаш реагираше и симболично ги прекрсти рацете пред градите, потег кој означува активирање на специјалниот ФИФА-протокол против расизам. Тоа беше првпат да се активира ваквата постапка на ФИФА.

Тренерот на Реал, Чаби Алонсо, по натпреварот потврди дека протоколот е активиран и дека истрагата е веќе во тек.

„Стоиме зад Рудигер. Му веруваме и ова е нешто што не смее да се толерира. Расизмот нема место на фудбалските терени“, изјави Алонсо по натпреварот.

ФИФА-протоколот против расизам предвидува три чекори, прво прекин на натпреварот, потоа привремено суспендирање, а ако ситуацијата не се смири, и целосно прекинување. Бидејќи инцидентот се случи кон самиот крај на натпреварот, сега средбата беше завршена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×